Дали можеби сте следниот Џејмс Бонд? Британската разузнавачка агенција објави загатка за нови регрути

Фото: Pexels / cottonbro studio

Дали го имате она што е потребно за да бидете британски разузнавач? Можеби нема да бидете вистински Џејмс Бонд, но најголемата британска разузнавачка агенција бара нови регрути, па затоа објави визуелна загатака за сите заинтересирани да ги тестираат своите вештини, пишува Си-ен-ен.

Агенцијата „Џи-Си-Ејџ-Кју“ (GCHQ) наведува дека загатката е наменета за „оние кои го доживуваат и гледаат светот поинаку“, а објавена е како дел од новата кампања за регрутирање на новиот профил на Линкдин.

Загатката, создадена во соработка со уметникот Џастин Иглтон, има за цел да ги привлече оние кои можат да донесат поинаква перспектива во решавањето на проблемите.

„Загатките се клучни за нашиот бизнис. Овие вештини ги претставуваат нашите историски почетоци во криптографијата и шифрирањето и продолжуваат да бидат важни за нашите современи задачи да ја направиме земјата безбедна“, се вели во соопштението.

Во визуелната загатка се скриени 13 букви кои ја кријат пораката. Британската агенција, чие седиште е во градот Челтенхем, е најпозната по својата работа и придонес за време на Втората светска војна кога се наоѓала во паркот Блечли, околу 80 километри северозападно од Лондон.

Таму работел и Алан Туринг, кој успеал да ги скрши шифрираните пораки на германската армија, која ги шифрирала своите радиотелеграфски пораки со помош на Енигма. Тјуринг се смета и за татко на модерните компјутери, бидејќи тој го создал концептот на алгоритми што се користи и денес.

Решението на загатката може да го погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот