Дали и кучето на премиерот Џонсон било заразено со коронавирусот?

Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Додека Борис Џонсон се бореше против ковид-19 во болницата, неговиот џек расел териер бил слаб и одбивал да оди на прошетка, наведува британски „Мирор“.

Џонсон во април беше хоспитализиран во болницата Сент Томас со температура и кашлица, а сите негови блиски луѓе завршија во самоизолација, вклучувајќи ја и неговата вереница Кери Симондс и министерот за здравство Мет Хенкок кои исто така беа заразени.

Симондс тогаш се уште беше бремена, а таа и Дилин беа во самоизолација во куќа во јужен Лондон, каде живее и Џонсон.

– Познато е дека со вирусот се заразија сите на улицата Даунинг, но изгледа дека и малиот Дилин се зарази, рекол извор од кабинетот на премиерот за Сан и додал:

-Не го тестираа, па не можеме да бидеме сигурни, но во исто време кога Џонсон беше на интензивна нега, а Симондс почна да ги покажува првите симптоми, Дилин беше многу летаргичен, изморен и не се однесуваше како обично. Кога гледам назад на тоа време, многу е веројатно дека и тој беше заразен. За среќа, и тој и премиерот се излекуваа.

Службениот научен совет на Владата вели дека нема докази дека вирусот може да преминува од миленици или дека сопствениците можат да им го пренесат, но кучињата можат да се заразат и да имаат благи симптоми.

Сепак, бидејќи не беше тестиран, не се знае со сигурност дали Дилин бил заразен со коронавирусот или само бил летаргичен бидејќи му недостасувал сопственикот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот