Дали е ова најлошиот совет за заведување?
Јапонскиот магазин кој ги советува жените да се восхитуваат на мажите со реченицата „Звучиш како Сократ“, бил исмеан во земјата која според рамноправност помеѓу половите е една од најлошите на светот.
Препорачано
Познатото модно списание „JJ“ ги советува своите млади читателки, мажите да ги споредуваат со грчки филозофи кога ќе изговорат нешто комплицирано, пренесува N1.
Фотографиите од страниците на магазинот каде што стојат советите, се објавени на Твитер и предизвикаа лавина на исмејување, а некои коментари потсетиле дека Сократ немал многу среќен живот, бидејќи тој му завршил кога го испил отровот.
Магазинот објаснил дека советите за заведување ги базирал на стрип во кој жените се восхитуваат на мажите и глумат дека се глупави.
Јапонија во 2018 година, според рамноправност на половите, била на 110 место од 149 земји во извештајот на Светскиот економски форум (World Economic Forum).
Земјата нема некаков напредок на тоа поле и покрај најавите на премиерот Шинзоа Абеа дека ќе промовира напредок на местото на жената во општеството.
На Сократ му се препишува советот:„Секако оженете се. Ако најдете добра жена, ќе бидете среќни, а доколку најдете лоша ќе станете филозоф“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


