„Дадилката од пеколот“ што на четири ипол месечно бебе даваше Бенседин доби задолжително психијатриско лекување

Unsplash
Бебе/ Фото: МИА

Дадилката С. Ц, која во два наврати даваше лекови за смирување на четири и пол месечно бебе, поради што беше затруено, денес беше осудена во Првиот основен суд во Белград на задолжително психијатриско лекување и притвор во здравствена установа.

Мерката за лекување ќе трае, како што е наведено, сè додека има потреба од тоа. Заедно со неа, Судот воведе и забрана за вршење на струки, активности и должности во траење од 10 години поради „занемарување и злоупотреба на малолетно лице“, по предлог на Првото основно јавно обвинителство, кое ја спроведе истрагата.

Обвинителството ги предложи горенаведените мерки, имајќи предвид дека вештачењето на комисијата покажа дека СЦ била луда за време на извршувањето на делото, односно кога му дала поголема количина на лекови за смирување на бебето за кое се грижела во отсуство на неговите родители.

Покрај тоа, во изјавата на Обвинителството се вели дека Б. В., администраторот на страницата „Бебиситерка.рс“ преку која бил ангажирана С. Ц., бил повикан на рочиште во врска со истиот случај.

Случајот беше откриен во март оваа година кога родителите забележаа дека бебето постојано е многу поспано, млитаво и јаде лошо неколку дена. Детето веднаш било пренесено на педијатар, а потоа и на специјалист на Детската универзитетска клиника во Тиршова. Лекарите прво се посомневале дека станува збор за труење и извршиле токсиколошки анализи кои покажале дека има големи количини на седативи во крвта на бебето!

Лекарите веднаш го пријавиле случајот во полиција и наскоро С.Ц. бепе уапсена.

Според извештаите во медиумите, ова не е нејзино прво дело, бидејќи претходно била осудувана за кражба и измама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот