Дачиќ ќе биде нов претседател на српското Собрание, експозето на Вучиќ во среда, во новата влада и СПАС на Шапиќ

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Досегашниот министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ ќе биде нов претседател на српското Собрание, изјави шефот на државата Александар Вучиќ по седницата на Претседателството на Српската напредна странка (СНС).

– Мислам дека е важно како искусен политичар да раководи со сите, посебно да ги разбереме сите овие промени на српската политичка сцена, низ антиваксери, анти-коронери, од таму и така голема омраза и кон мигрантите. Ќе има многу работа за него“, рече Вучиќ.

Тој најави дека првиот собраниски одбор ќе биде формиран во четврток, истакнувајќи дека „мисли оти ќе мора да се донесат многу важни закони на патот кон Европската Унија“. Вуќиќ додаде дека во петок, пратеничката група би поднела закон за новите министерства кои „ќе бидат две-три“.

– Експозето ќе биде во среда по што би била изгласана и новата влада, најави претседателот на Србија и на СНС, додавајќи дека останале уште некои дилеми за влада, односно за министрите, и „за ден-два се ќе биде завршено“.

Во новата српска влада и СПАС на Александар Шапиќ

Вучиќ потенцира дека коалициски партнер на СНС во владата, покрај СПС, ќе биде и Српскиот патриотски сојуз (СПАС) на Александар Шапиќ. Посочи дека лидерот на СПАС, Шапиќ на денешниот состанок инсистирал на разговори за иднината на Србија, како и дека сакал да „учествува во српската политика“.

– Шапиќ немаше никакви барања на денешниот состанок, ниту за министерства, ниту за министри“, истакна Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот