Да штедиме енергија и храна – нѐ чека епидемија на глад и немаштија, вели д-р Даниловски
Д-р Драган Даниловски во вечерашното гостување на ТВ Сител рече дека останува на ставот дека до летово пандемијата на коронавирусот ќе заврши, но тој смета дека „новото нормално што нѐ очекува не е ни најмалку она старо нормално, и тоа не заради вирусот“.
Препорачано
„За жал, и порано сум предупредувал, ни се заканува нова пандемија и епидемија. Епидемија на глад и немаштија,“ рече д-р Даниловски.
Додава дека тоа се искушенија кои не се споредливи со оние кои ги носи ковид-пандемијата и препорачува да се носат не само краткорочни мерки туку и долгорочни мерки. Според д-р Даниловски, меѓу нив треба да биде заштеда на енергенси и обезбедување храна на долг рок.
– Граѓаните не треба да прават огромни резерви, складишта и магацини. Треба да се биде солидарен затоа што има некои кои не можат да си дозволат огромни колични храна да купат, а таа солидарност ни недостасува, но мислам дека тоа е единствениот пат за она што ни е на располагање да што порамномерно се распредели меѓу граѓаните, додава Даниловски.


