ДА ГО ЗНАЕВМЕ ОВА ПОРАНО… Конечно отриена тајната за среќниот брак, она што е потребно е многу едноставно!

профимедиа

Откако постојат врската и браковите луѓето се обидуваат да сфатат кој е вистинскиот рецепт за успешен однос. Што треба да правите, што да говорите, а што треба да премолчите? Сега, благодарение на новите истражувања, знаеме што е тоа заедничкото и пресудното на среќните бракови.

Убавината и едноставноста на среќниот брак е во тоа дека не треба да правите ништо – важно е само да си обезбедите пет дена раздвоеност месечно. Оние кои мораат да го направат тоа поради работата, и по неколку денови отсуствуваат од домот, велат дека се најсреќни во врските и браковите.

Се покажа дека е точно она – знаеш што си имал дури тогаш кога тоа ќе го загубиш. Но за среќа не е потребно буквално да се загуби партнерот, туку едноставно партнерите да поминат пет дена одвоено секој месец.

пар врска љубов

Свесни се колку си недостасуваат

Таа раздвоеност ги насочува кон тоа да сфатат колку всушност си недостасуваат еден на друг и ги прави постраствени кога се заедно. Пет дена е оптималната раздвоеност, затоа што задоволството исчезнува доколку оваа пауза е подолга или пократка.

Времето кое ќе го поминете одвоено е еднакво важно како и времето кое ќе го поминете заедно, бидејќи токму тоа ве тера да сфатите колку си значите еден на друг.

Во ова истражување вклучени биле 2000 луѓе и се покажало дека шест од 10 луѓе кои заминуваат на деловни патувања се многу посреќни во своите врски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот