Да бидеме отворени без оглед на минатото

владимир путин
Рускиот претседател Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Од статијата на Владимир Путин „Да бидеме отворени без оглед на минатото“ за германскиот весник DieZeit по повод 80-годишнината од почетокот на Големата Татковинска војна:

  • Хероите на Црвената армија и заднината ги спасија Европа и светот од ропство.

„И покрај обидите да се препишат страниците од минатото, вистината е дека советскиот војник дојде во земјата на Германија не за да им се одмазди на Германците, туку со благородната, голема мисија на ослободителот.“

  • По Втората светска војна, народите во Европа почнаа со политика на интеграција.

„Историското помирување на нашиот народ и Германците кои живееја и на исток и на запад на денешната обединета Германија играа колосална улога во формирањето на ваквата Европа“.

  • СССР и СРГ во 1970 година го потпишаа „договорот на векот“ – за набавка на гас во Европа.

Тоа „ги постави темелите за конструктивна меѓузависност и стана почеток на многу последователни амбициозни проекти, вклучувајќи ја и изградбата на гасоводот «Северен тек».“

  • Русија ја поддржуваше идејата на Шарл де Гол за единствениот континент, ама започна проширувањето на НАТО кон исток.

„Од 1999 година, има пет бранови на проширување на НАТО. Организацијата вклучи 14 нови земји, вклучувајќи ги републиките на поранешниот Советски сојуз, што фактички ги закопаа надежите за континент без поделби.“

  • Многу земји беа соочени со вештачки избор – да бидат или со колективниот Запад или со Русија.

„Можеме да ги видиме последиците од ваквата агресивна политика во украинската трагедија од 2014 година. Европа активно го поддржа неуставниот вооружен државен удар во Украина … Зошто требаше да се стори тоа? Тогаш актуелниот претседател Јанукович веќе се согласи со сите барања на опозицијата. Зошто САД организираа државен удар, а земјите од Европа – безволно го поддржаа, предизвикувајќи раскол во самата Украина и повлекување на Крим од нејзиниот состав?“

  • Просперитетот и безбедноста на Европа се можни само со обединување на сите земји, вклучително и Русија.

„Русија се залага за обновување на сеопфатното партнерство со Европа. Имаме многу теми од заеднички интерес. Овие се безбедноста и стратешката стабилност, здравството и образованието, дигитализацијата, енергетиката, културата, науката и технологијата и решавањето на климатските и еколошките проблеми.“

  • Секој треба да ги признае грешките од минатото и да ги исправи.

„Нашата заедничка и неоспорна цел е да обезбедиме континентална безбедност без поделби, единствен простор на рамноправна соработка и универзален развој за просперитет на Европа и целиот свет.“

 

Прочитајте го целиот текст тука

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот