Д-р Софијанова и д-р Васев поднесоа оставки од директорските позиции на клиниките

Оставки на директорите д-р Софијанова и Д-р Васев/Фото СП

Денеска по барање на Министерот за здравство, до Министерството се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники, информираат од МЗ.

-Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев. Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана, велат од министерството.

Неодамна ТВ Клан за д-р Софијанова тврдеше дека земала плата од 5.000 евра, при што надоместокот за дежурства бил повисок од директорската плата на докторката.

Премиерот Димитар Ковачевски тогаш изјави дека доколку во конкретниот случај има прекршување на работните процедури и на овластувањата, веднаш треба да се постави нов директор на Детската клиника.

Д-р Софијанова и д-р Васев поднесоа оставки од директорските позиции на Клиниките

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот