Д-р Никола Пановски

Д-р Никола Пановски: Не купувајте „препарати“ за дијабетес за кои се лаже дека ги промовирам јас!

Познатиот микробиолог професор доктор Никола Пановски чиј идентитет и професионален кредибилитет со години е злоупотребуван за да се креираат лажни видеа со неговиот лик и да се пласираат на социјалните мрежи со цел да се рекламираат суплементи, повторно реагира на оваа неетичка и незаконска пракса.

Почитувани, само да ве потсетам на тоа што го објавив пред 3 години, па повторно пред 2 години, па пред една година. Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име, мојата слика покрај некој производ, а во последно време видеа, се е тоа злоупотреба, ако има интервју, тоа е измислено. Не купувајте го тоа ѓубре. Не ги богатете криминалците. Државата со прст не мрдна да не заштити. Злоупотребата продолжува. Купувајќи таков производ, бидете свесни дека дел од вашите пари одат и за подмитување на оние кои веќе ги плаќаме преку буџетот да не заштитуваат, како награда што не не заштитуваат. Ообено е опасно да ја прекинете редовната терапија пропишана од вистински доктори и да ја замените со овие лажни препарати, пред се за дијабетес. Ве молам споделете го ова до сите ваши пријатели и секое видео со мојот лик пријавете го како лажно. Не купувајте, ако сте купиле фрлете го!, напиша Пановски на Фејсбук.

Како што истражи „Слободен печат“ во земјава веќе подолго време со измислени интервјуа се продава „магла во тегла“, односно се презентираат непостоечки перформанси на различни производи на природна база против низа болести. Тие производи невистинито се претставуваат на интернет како да се „лекови“ и така се таргетираат милионски добивки.

Целото наше истражување погледнете го во продолжение:

Кој во Македонија продава „магла во тегла“ со нечесни реклами и лажни интервјуа со д-р Пановски во кои чај се претставува како лек против паразити?!

Тројца лекари од Македонија жртви на дезинформации со кои фирмата „Монад Плуг“ се богатела, на сметка на здравјето на луѓето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот