Д-р Докиќ демантира: Не сум го напишал текстот што се споделува во мое име, случајот го пријавив во полиција

Деновиве по социјалните мрежи се споделува текст, наводно напишан од д-р Дејан Докиќ, во кој се споредуваат препораки за заштита од Ковид-19, но и се алармира дека системот е пред колапс и нема место во болниците.

Денеска во изјава, д-р Дејан Докиќ демантира дека текстот е негов и повикува да престане да се шири. Тој пријавил и во полиција и очекува институциите да ги казнат оние кои се повикуваат на неговото име, а шират паника.

– Категорично тврдам дека текстот не сум го напишал. Овој текст е напишан со моето име што се злоупотребува, а она што го содржи не е точно. Слушнавте и од министерот дека има место за пациенти, а во текстот се алармира дека нема – вели д-р Докиќ во изјава за А1он појаснувајќи дека, набавени се сите лекови кои се потребни за лекување на пациентите, има кислород, монитори, односно сè што е потребно.

– Ова дело го пријавив во полиција, сметам дека е кривично дело. Очекувам институциите да преземат мерки, сторителите да бидат казнети, за да се прати порака дека не смее да се злоупотребува име во ваква ситуација на пандемија – додава Докиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот