Билјана Кржеска / Фото: Нова Македонија

Д-р Билјана Кржеска е претседателка на новиот Совет на Општина Прилеп

Денеска во општинската сала во Прилеп беше конституиран новиот 27-член општински Совет, кој ќе работи во следните четири години и ќе донесува одлуки значајни за функционирањето на општината и за подобрување на животот на прилепчани. Во него има 17 советници од ВМРО ДПМНЕ, шест од СДСМ со коалицијата, тројца се од Левица и еден советник е од ЗНАМ.

По конституирањето на советот беше избран и претеседателот на Советот на Општина Прилеп. Со мнозинство гласови за претседател е избрана доктор Билјана Кржеска од ВМРО ДПМНЕ, специјалист гинеколог, која, заблагодарувајќи се за довербата што ѝ ја дадоа советниците, рече дека заедно „ќе ги вгради заложбите за Прилеп – посилен, пофункционален, похуман, модерен“.

– Голема е честа што ја добив да бидам претседател на Советот на Општина Прилеп. На сите нас ни е дадена шансата да оставиме свој белег и да испишеме уште една страна во постоењето на Општина Прилеп. Локалната власт е најуспешна кога им служи на граѓаните и на народот. А на граѓаните и на народот се служи кога ќе ја почитуваме транспарентноста, кога ќе слушаме со почит и кога ќе делуваме со чесност. Лично верувам дека целиот Совет има потенцијал и капацитет да го направи Прилеп град со кој сите ќе се гордееме. Во различноста е силата!, рече Кржеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот