Царовска: Земјава првпат во својата историја го доставува „Доброволниот национален преглед” до ООН

-Доброволниот национален преглед дава слика или проценка за тоа на кој начин се усогласени развојната Агенда 2030 на ООН, со европската агенда и нашите стратешки приоритети, вели Царовска.

Делегација од Република Северна Македонија, која ја предводеше вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска,  преку видео конференциска врска учествуваше на политичкиот форум на високо ниво, организиран од Економско социјалниот совет на ООН (United Nations economic and Social Council – ECOSOC).

Вицепремиерката Царовска истакна дека е горда што земјава првпат во својата историја го доставува „Доброволниот национален преглед” до Организацијата на Обединетите Нации.

-Доброволниот национален преглед дава слика или проценка за тоа на кој начин се усогласени развојната Агенда 2030 на ООН, со европската агенда и нашите стратешки приоритети. Утврдивме дека 83 отсто од она што значи национално законодавство, стратешки документи, акциони планови се усогласени со глобалните цели за развој и тоа укажува дека ние и како Влада, но, и како држава сме на правата патека да ги оствариме целите коишто се во целиот свет зацртани како потребни, се со цел да се постигне развој на општествата и на државите, истакнува Царовска.

На конференцијата, покрај Цавровска учествуваа и претседателката на МАСИТ, Анета Антова Пешева, како претставник на бизнис заедницата, директорката на тинк-тенк организацијата „Фајнанс Тинк”, Благица Петрески, како претставник на граѓанското општество, и претставничката на младинската мрежа „Y-PEER”, Кристина Ангeлевска, како претставник на младите.

На овој форум, кој го водеше претседателката на ECOSOC, Н.Е. Мона Џул, беше извршена презентација на првиот „Доброволен национален преглед” на Република Северна Македонија, a по обраќањата на официјалната делегација кусо обраќање имаше и резидентната координаторка на ОН агенциите во Северна Македонија, Росана Дуџак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот