Царовска: Ниедно дете не треба да расте со страв

За секое дете – љубов, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во своето завршно обраќање на дводневната конференција “Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата во Западен Балкан” организирана од УНИЦЕФ.

-Ниедно дете не треба да расте во страв. Кога целото општество им помага на родителите да израснат деца со здрава приврзаност, деца кои добиваат поттик во својот развој, деца кои веруваат во себе, кои се истрајни, емпатични, знаат како да се справат со разочарувањата, и кои учат и откриваат нови нешта. Тогаш ние создаваме просперитет, како и понапредни, посилни, поуспешни и побезбедни општества- рече Царовска.

Царовска истакна дека водени од Конвенцијата за правата на детето, особено од правото сите деца да се ослободени од сите форми на насилство, граѓанската и прогресивната Влада на Северна Македонија се залага да стави крај на сите форми на насилство и експлоатација на децата до 2030 година.

Конференцијата заврши со потпишување на заложба за борба против насилство од страна на министрите Мила Царовска, Рената Десковска, Оливер Спасовски, Арбер Адеми и Венко Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот