Црна Гора го демантира Руте, не планира да ѝ помага на Америка за војната во Иран
Министерството за одбрана нема сознанија дека се разгледува можноста Црна Гора да ги отстапи своите воени капацитети и да им пружи логистичка поддршка на САД за војна против Иран, изјавија од овој владин ресор за „Вјести“.
Препорачано
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера изјави дека земјите на НАТО, како што се Црна Гора, Хрватска, Романија, Португалија, Грција, Италија, Британија, Франција и Германија, спроведуваат барања за користење бази и друга логистичка поддршка за САД.
Од Министерството за одбрана истакнуваат дека евентуалното донесување ваква одлука би било надвор од нивната надлежност и би барало согласност на највисоко државно ниво.
„Истакнуваме дека Црна Гора во САД гледа важен стратешки партнер и сојузник во рамките на НАТО, со кој развива содржајна и обострано корисна соработка, особено во областа на одбраната, во согласност со сопствените национални интереси и приоритети. Ваквата соработка е заснована на принципите на меѓусебно почитување, сојузништво и одговорен придонес кон колективната безбедност. За тоа, меѓу другото, сведочи и неодамна усогласениот Технички договор помеѓу Министерството за одбрана и Командата на американските сили во Европа и Африка кој се однесува на пружање поддршка на земјата домаќин, но исклучиво во доменот на воените обуки и вежби“, наведоа од Министерството.
Танкер е погоден од проектили кај Емиратите, не се знае кој е напаѓачот
Додаваат и дека станува збор за типски договор, од кој не произлегуваат меѓународно-правни обврски, а кој Црна Гора го имала со наведената американска команда и во претходниот временски период.
„Од почетокот на судирот помеѓу Иран од една, и САД и Израел од друга страна, Министерството за одбрана во континуитет го следи и анализира развојот на ситуацијата во зоната на конфликтот, со посебен акцент на можните импликации по националната и колективната безбедност. Според досегашната проценка, ризикот Црна Гора да биде таргетирана од страна на Иран е оценет како низок“, рекоа од Министерството за одбрана.


