Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Циципас со скандалозна изјава поради паузите за тоалет

Многу бура предизвикуваа паузите на грчкиот тенисер Стефанос Циципас до тоалетот за време на турнирите годинава.
Циципас беше јавно критикуван, а публиката се жалеше секој пат кога остануваше малку подолго за време на паузата помеѓу сетовите.
Гркот веќе неколку пати зборуваше за ваквите ситуации, истакна дека не мами и дека прави прави ништо што е спротивно на фер-плеј, но тој и натаму е актуелна тема во странските медиуми.
– Откако го добив сетот со 6:0, направив пауза за тоалет. Мислам дека тоа не беше многу добро за мене. Но, јас го направив тоа и немам злонамерна намера. Јас сум човек на кој му треба малку време. Но, повторно, не толку како жените – рече Циципас.
Тој го коментираше и стилот на игра што го наметна Данил Медведев, кој одигра перфектен турнир и на крајот ја освои титулата на „УС Опен“.
– Медведев е многу константен, тој е тежок ривал. Ме изненадува што успева да постигне такви резултати играјќи во овој стил. Не би рекол дека е досаден, само дека е еднодимензионален – додава Циципас.
Инаку, АТП посочи дека ќе ги заостри правилата за лекарска пауза, и многу е веројатно дека играчите ќе имаат многу помалку време за маневрирање.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
4час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5