СВР Куманово / фото: МИА

Чуден случај во Кумановско – жена се сомнева дека братот ѝ го отруле, пријавила по два месеца

Жена од кумановското село Довезенце пријавила во полиција дека имало сомнителни околности и случувања поврзани со смртта на нејзиниот брат, кој починал пред повеќе од два месеца, на 31 декември.

„На 05.03.2026 во 14:00 часот во СВР Куманово, Д.Е.(50) од с,Довезенце, кумановско, пријавила дека една од нејзините сестри на 31.12.2025 околу 22:00 часот ја известила дека починал нивниот брат М.П.(60) во домот во село Довезенце, во кој живеел со неговиот татко и партнерката А.Р од с.Младо Нагоричане. Потоа, тие со уште една нивна сестра и зет отишле во домот во селото и го затекнале починат на кревет нивниот брат. Според пријавеното, на 31.12.2025 околу 20:30 часот од телефонот на брат ѝ била повикана Итна медицинска помош која констатирала смрт, а во болница ја однеле А.Р. затоа што ѝ се слошило. Како што е пријавено, од Итна медицинска помош во СВР Куманово не било пријавено починато лице, а потврда за смрт не им била издадена на 31.12.2025 кога е констатирана смртта, туку наредниот ден 01.01.2026 на нејзино инсистирање. Исто така, Д.Е. пријавила дека се сомнева дека нејзиниот брат не починал од природна смрт, туку дека бил отруен“, пишува во полицискиот билтен.

Скопјанец десет дена држел девојка затворена во неговиот дом – ја силувал, ја тепал и ѝ го зел телефонот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот