Човек загина во тешка сообраќајна несреќа кај депонијата Дрисла

Фото: Слободен печат/Елисавета Бејкова

Вечерва во близина на скопското село Батинци во сообраќајна несреќа загинал човек, потврди МВР.

Загинатиот е 49-годишен жител на Батинци кој управувал “Шкода Октавиа”.

Несреќата се случила околу 20 часот во близина на депонијата Дрисла во насока кон Патишка Река. Било пријавено дека Н.Р. починал од повреди на местото на несреќата.

Возачот на другиот автомобил „БМВ“ кој учествувал во сообраќајката бил пренесен во Клиничкиот центар, додаваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот