Келн, Германија полиција / Фото EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Членови на Хамас се „сериозна закана“ во Германија и Европа

Шефот на Федералната канцеларија за заштита на Уставот, Синан Селен, предупреди на „сериозна закана“ од Хамас во Германија и Европа, нагласувајќи дека „можните мировни преговори не значат крај на тревогата“.

Зборувајќи денес во Бундестагот, германскиот парламент, Селен зборуваше за бројот од 32.500 луѓе што живеат во Германија, а припаѓаат на кругот на Хамас, истакнувајќи дека нивниот број е зголемен за 6% во споредба со 2024 година.

Германија долго време е „засолниште и инфраструктурна зона“ за Хамас, кој ја смета земјата за свое „театар на операции“, нагласи шефот на службата и се осврна на неодамнешното апсење на тројца членови на Хамас за кои се верува дека планирале напади врз еврејските интереси, институции и бизниси во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот