Фото: EPA-EFE/ANNA MONEYMAKER / POOL EPA-EFE/MAASNI SRIVASTAVA

Читач од усни открива: Еве што разговарале Меланија и Доналд Трамп за време на танцот на инаугурацијата

Неколку дена по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, деталите од церемонијата кои ги привлекоа очите на публиката и јавноста продолжуваат да се откриваат. Сега, бројни експерти се огласија и коментираат за однесувањето и говорот на телото на Меланија и Доналд Трамп.

Двојката присуствуваше на три балови – Commander’s Ball, каде танцуваа на песна од Елвис Присли „An American Trilogy“, Freedom Ball и Star Ball, а многумина беа заинтересирани за што разговараат сопружниците за време на танцот.

„Ни требаа три бала бидејќи имаме толку голема поддршка“, рече Трамп, обраќајќи им се на толпата на балот на слободата.

За време на танцот, претседателот и неговата сопруга разменија зборови кои го привлекоа вниманието на јавноста. Очекувано, многумина сакаа да знаат што зборуваат, а читачот од усни Џереми Фримен го одговорил ова прашање.

Според магазинот „Тила“, Трамп и рекол на сопругата дека никој не го изневериl тој ден на што Меланија наводно одговорила:

„Ова е ден кој никогаш нема да го заборавиме“, на што Трамп одговорил „Во право си, ќе учам, ќе се борам“. Меланија тогаш одговорила: „Тука сум за тебе“.

Друг експерт експерт за говор на телото, Марк Боуден, го опиша танцот на парот на инаугуративниот бал како непријатен, тврдејќи дека Меланија се чувствувала малку непријатно.

Говорот на телото на Меланија привлекло особено внимание за време на балот. По влегувањето во салата пречекани со громогласен аплауз, таа и Доналд Трамп извеле традиционален танц. Сепак, како што забележа Боуден, интеракцијата наводно, брзо станала непријатна, пишува „Б92“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот