Чиочети именуван за нов главен секретар на ЕП

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Италијанецот Алесандро Чиочети е именуван за нов главен секретар на Европскиот парламент (ЕП), а постапката според медиумите е изведена со контроверзна одлука.

Чиочети на 1 јануари ќе го наследи Германецот Клаус Веле, кој на функцијата беше од 2009 година.

Одлуката кој ќе ја добие оваа позиција, ја донесуваат 14 потпретседатели на ЕП и пет членови на советодавната канцеларија познати како квестори.

По сослушувањето на четворицата кандидати, се одржа „внимателно разгледување” и одлуката Чиочети да биде именуван, е донесена со „многу големо мнозинство”, се наведува во соопштението на ЕП, без да биде прецизирано кој гласал за него.

Именувањето предизвика остри критики од Зелените и Социјалдемократите во Европската Унија. Според потпретседателката на ЕП, Хејди Хаутала од Зелените, избирачкиот процес е несоодветен, а секој кандидат се претставувал само десет минути.

Чиочети сега е шеф на кабинетот на претседателката на ЕП, Роберта Мецола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот