Четворица студенти пронајдени мртви во студентски дом во Америка

Фото: Profimedia

Полицијата во американското гратче Москва, во северозападниот дел на сојузната држава Ајдахо, отвори кривична истрага за смртта на четворица студенти од локалниот универзитет, чии тела беа пронајдени во дом во близина на кампусот.

Полицијата претпладнево била повикана во еден од студентските домови во градчето Москва, во американската сојузна држава Ајдахо, по пријава за онесвестено лице. Меѓутоа, по пристигнувањето полицајците пронашле четири мртви лица во домот, наведува локалната полиција.

Набргу по пронаоѓањето на телата, универзитетската управа им порачала на студентите и вработените да најдат засолништа и да се држат подалеку од областа на инцидентот. Универзитетот, во кој има 6.800 студенти, ја укина тревогата околу три часа подоцна, соопштувајќи дека нема реална закана.

Полицискиот оддел на овој северозападен град со 25.000 жители се уште не ги идентификуваше студентите кои се починати.

Отворена е кривична истрага, но полицијата не ги открива деталите за инцидентот.

Наставата на универзитетот денеска е откажана и најверојатно ќе продолжи утре, соопштија претставници на универзитетот.

Инцидентот се случил неколку часа пред пукањето на Универзитетот во Шарлотсвил, во сојузната држава Вирџинија, во кое загинаа три лица, а уште две се ранети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот