Четири златни медали за македонските каратисти на Балканското првенство во Црна Гора

Нови врвни успеси на младите македонски карате надежи/фото: Карате федерација на Македонија

Во Бар, Црна Гора, настапија македонските каратисти на Балканското првенство за кадети, јуниори и У21.

Нашата земја успеа да освои вкупно седум медали, од кои четири златни, еден сребрен и два бронзени што ја рангира како второпласирана на шампионатот, подобар е само домаќинот кој се закити со седум злата.

Кадетки (категорија – 54 кг.) Драгана Евтимовска, златен медал
Јуниорки (категорија – 48 кг.) Сара Дука, златен медал
Кадетки (категорија – 47 кг.) Катија Апостоловска, бронзен медал
Јуниори (категорија – 68 кг.) Љупче Михајлов, златен медал
Јуниори (категорија – 76 кг.) Андреј Ангеловски, златен медал
Јуниори (категорија 76+ кг.) Андреј Басаров, сребрен медал
У21 (категорија – 60 кг.) Бојан Костов, бронзен медал

Конечните пласмани во сите категории можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

На ова Балканско првенство медали освоија и натпреварувачи од Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Грција, Косово, Хрватска, Романија и Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот