Четири месеци затвор за Тарел кој му удри шамар на Макрон

Судот во Франција денеска го осуди на четири месеци затвор 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шамар на францускиот претседател Емануел Макрон.

Тарел претходно призна дека го удрил Макрон, но тој им рекол на истражните органи дека не го сторил тоа со предумисла.

Обвинителството побара Тарел да биде осуден на 18 месеци, а судиите одлучија да го осудат на четири месеци затвор и 14 месеци условна казна.

За време на посетата на регионот Тан Лермитаж на југоистокот на земјата, претседателот Макрон во вторникот се доближи до толпа граѓани да ги поздрави, а Тарел го фати претседателот за рака и му удри шамар по лицето.

По инцидентот, полицијата го уапсила Тарел, кој, според истражителите, не и бил познат на полицијата пред овој случај, а уапсен е и неговиот пријател кој го снимил целиот инцидент.

Обвинението за напад на јавен службеник во Франција предвидува максимална казна затвор од три години и парична казна од 45.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот