Четири лица приведени за повеќе физички напади

Фото: архива на СП

Двајца од пријавите се за семејно насилство.

Тетовската полиција во текот на вчерашниот ден бележи зголемен број на пријави за физички напади поради кои се приведени пет лица. Две од пријавите се за семејно насилство.

– Триесетгодишна жителка на тетовско село вчера во 18.40 часот, во СВР Тетово пријавила дека еден час пред тоа во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот 36-годишен сопруг Ф.М. Во 20.45 часот пријавениот е уапсен и е задржан во полициската станица Тетово. Околу 22 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.И.(41) од Тетово, кој десетина минути пред тоа бил пријавен од неговата мајка дека се однесувал агресивно и им се заканувал на неговите родители и сопругата – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Околу полноќ се приведени и две лица откако 35-годишник од Тетово ги пријавил дека го нападнале со тврд предмет.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.З.(38) од тетовски Копачиндол и 32-годишната И.Т. од Струга, кои претходно на улица „Благоја Тоска” во Тетово, со тврд предмет го нападнале 35-годишниот тетовец А.К, соопшти СВР Тетово.

Се бележат и две пријави за напади за кои нема приведени.  Четириесетгодишен жител од Мала Речица пријавил лице од Ларце, додека 31-годишник од градот во Јегуновце пријавил напад од 42-годишник од Сараќино. Полицијата за две пријави презема мерки за расчистување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот