Честитката на Борисов во сенка на цената на џемперите на внуците
Среќен Божиќ! Денес е еден од најголемите Христијански празници исполнети секогаш со надеж за подобри и посветли денови, напиша на фејсбук бугарскиот премиер Бојко Борисов, а заедно со честитката објави и заедничка фотографија со внуците Иван и Бојко.
Препорачано
– Ова се моментите за семејството, средби со пријатели, споделување, детски насмевки. Оваа година е невообичаена. Сега ја цениме најмногу можноста да се видат најблиските и вашите пријатели здрави. Многу се работите што до неодамна ги зедовме здраво за готово, и денес гледаме колку се значајни. Да можеме да го споделиме празникот со вашите најблиски – ќе биде најголемиот подарок. После толку тешка година, сфаќаме кои се најважните работи. Време е да бидеме сочувствителни и скромни, да бидеме добри, да бидеме похумани. Биди живи и здрави – ова е навистина најважната работа. Со Божја помош и со работа, ќе излеземе од оваа пандемија и ќе ја надминеме кризата, пишува Борисов.
Сепак, Божиќната честитка на премиерот падна во сенка на обвинувањата на социјалните мрежи од страна на дел од политичките неистомисленици, кои ја преиспитуваат потребата неговите внуци да носат скапа и брендирана облека.
Според тврдењата на опозицискиот активист Светослав Трајков џемперите се брендирани – од „Ралф Лорен“, а цената, околу 145 долари, е поголема од пензијата што ја добива секој од 360.000 пензионери во земјата.
Од друга страна, пак, приврзаниците на Борисов велат дека таа сума премиерот може да си ја дозволи, бидејќи месечната плата на Бојко Борисов како премиер е 7 204 лева, потсетувајќи дека за споредба, онаа на претседателот Румен Радев е многу поголема – над 15 000 лева.


