Честитка од Џафери: Нека водата ги однесе сите препреки и тешкотии

Талат Џафери / Утрински брифинг
Талат Џафери / Утрински брифинг

Задоволство ми е од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, да упатам честитки по повод големиот празник, Богојавление – Водици и да Ви посакам празникот да го дочекате пред сѐ во добро здравје, во мир, спокој, семејна благосостојба и напредок, напиша претседателот на Собранието Талат Џафери во честитката до припадниците од православната вероисповед.

Исправени секојдневно пред предизвици од најразлична природа, како што се економски, здравствени, политички и секако безбедносни предизвици, должност ми е, како што истакнува Џафери во честитката,, да ја искористам секоја прилика и секој начин за упатување на порака за сплотување на мислите, желбите и изразите на заемна почит и разбирање на сите наши граѓани, без оглед на етничката, верската, партиската или поделеност по секаква друга основа.

-Единствената и најважна цел за сите нас секогаш ќе биде просперитетна и безбедна иднина, за мир во земјава, за еднакво, правично, напредно и пред сѐ, хумано општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и ќе се грижи подеднакво за личниот и колективен напредок на земјата. Одговорно и совесно, со надминување на рамките кои ни го стеснуваат видокругот, да ги отфрлиме предрасудите, стереотипите и да ги отвориме умот и срцето за да најдеме повод за обединување а не за создавање јазови и раздор. Лесно е да се руши, храброст е да се сочува и надгради создаденото за да трае вечно. Нека водата која е симбол на Богојавление ги однесе сите препреки и тешкотии и нека помогне со бистар ум и јасна цел да донесеме државнички одлуки кои значат живот за Република Северна Македонија, напиша Џафери во честитката по повод денешниот празник Богојавление – Водици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот