Честитка на Заев за католички Божик: Да подадеме рака на оние на кои им е потребна

Зоран Заев во утрински брифинг
Зоран Заев премиер на влада на РСМ / Фото: Слободен печат / Драгана Митрески

Денешниот ден, Христовото раѓање – Божиќ, е вечниот симбол на нашата надеж, дека Бог е со нас и дека преку вербата, можат да се пребродат и најтешките искушенија, порача премиерот во оставка Зоран Заев.

Тој во објава на Фејсбук ги повика верниците да ги прифатат пораките на празникот и да подадат рака на оној на кој што му е потребна.

– Ве повикувам да ги прифатиме пораките на празникот и да подадеме рака секому кому му е потребна помош, да даруваме безусловна љубов, да не заборавиме на добротворните дела, насмевката и радоста, оти само така сме корисни за нашето општество, за нашата држава. На припадниците на Католичката црква, како и на сите православни и други христијани коишто го слават Христовото раѓање според Грегоријанскиот календар, им посакувам среќни празници. Христос се роди! Среќен Божик, напиша Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот