Чешкиот претседател Земан заврши во болница

Фото: ЕПА

Претседателот на Чешка Милош Земан ќе биде хоспитализиран неколку дена за да ја „врати кондицијата“, изјави денес портпаролот на владата Жири Овчачек.

Тој рекол дека Земан, кој има 75 години, ќе биде примен во Прашката воена болница и дека ќе биде пуштен во недела, пренесува АП. Овчачек не изнел други детали.

Земан веќе некое време изгледа изморено во јавноста и има проблеми со одењето, наведува агенцијата.

Тој, како што рекол, пати од дијабетес и невропатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот