Чешка предлага ЕУ да ги започне преговорите со Украина

Јан Липавски - министер за надворешни работи на Чешка / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Преговорите за приклучување на Украина кон Европската Унија треба да започнат есенва или на почетокот на идната година, порача чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски на вчерашната средба на шефовите на дипломатиите од ЕУ што се одржа во Киев. Средбата, како што пренесува „Еурактив“, според Липавски, била не само симболична, туку на неа се воделе и важни дискусии за практични решенија за тоа што може да направи ЕУ за да го гарантира мирот во Европа.

– Јасно беше кажано дека ако Украина беше во Европската Унија, тоа ќе беше јасна гаранција за безбедност. Бидејќи ЕУ е таков проект. Сепак, точно е дека Украина треба да го промени и усогласи законодавството со европското право, а тоа е долгорочен план – вели Липавски.

На средбата во Киев тој го објаснувал и ставот дека пристапните преговори на Украина со ЕУ треба да започнат оваа есен или на почетокот на наредната година.

– Тоа е технички процес во текот на кој ќе се оцени дали Украина е спремна да се приклучи кон блокот. Освен тоа ќе се види уште што треба да сработи – изјавил чешкиот министер, додавајќи дека во интерес на Унијата е Украина да може да ги прифати сите стандарди и да го усогласи правниот систем.

Во текот на октомври Европската комисија треба да објави писмен извештај за напредокот на Украина во евроинтегративниот процес. Во декември земјите членки на ЕУ може да одлучат дали да започнат пристапни преговори за што треба едногласна одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот