Чешка ќе почне да нуди втора засилена доза на вакцини против ковид-19

Ковид состојба во Прага, Чешка/ Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешка од 18 јули ќе почне да нуди втора засилена доза на вакцина против Ковид-19, препорачувајќи ја за луѓе постари од 60 години и за оние во ризични групи, соопшти Министерството за здравство.

Бустер дозите ќе бидат достапни за сите постари од 18 години и ќе бидат доброволни, наведуваат здравствените власти.

„Сакам сите кои се заинтересирани да имаат пристап до вакцинација”, рече чешкиот министер за здравство Властимил Валек.

Во понеделникот, властите забележаа повеќе од 2.000 случаи на инфекција за првпат од април, но бројот на хоспитализирани лица нема значително зголемување.

Сепак, Валек рече дека се разработуваат планови за воведување рестриктивни мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот