Челси убедливо на врвот – половина од првите десет клубови со најголема загуба во Европа се од Англија
УЕФА ги објави официјалните финансиски податоци за сезоната 2024/25, а бројките повторно ја отворија дебатата за трошењето во европскиот фудбал. На врвот на листата по загуби очекувано се најде Челси.
Препорачано
Лондонскиот клуб пријавил минус од дури 342 милиони фунти, рекордна загуба за еден англиски клуб. Иако „сините“ минатата сезона ја крунисаа со освојување на светската клупска титула, што им донесе значителна финансиска инјекција, тоа не беше доволно за да се покрие огромниот јаз во буџетот.
Сепак, од клубот можат да здивнат бидејќи нема да следува казна ниту од европската куќа на фудбалот, ниту од раководството на англиското првенство, бидејќи не е надминат дозволениот лимит во тригодишниот пресметковен период. Висока загуба пријавил и Тотенхем, со минус од 124 милиони фунти.
Покрај Челси и Тотенхем, меѓу десетте клуба со најголеми финансиски загуби се и Манчестер сити, Астон вила и Нотингем форест. Дури пет од десетте клубови со најголема загуба доаѓаат од Англија, што уште еднаш го отвора прашањето за одржливоста на финансискиот модел во најбогатата лига во светот.


