Чеченски специјалци се обиделе да му извршат атентат на Зеленски

Володимир Зеленски, претседател на Украина/Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Обид за атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, подготвен од елитна чеченска паравоена група, е спречен во регионот на Киев.

Тие биле прекинати во нивниот план, објавија Украинците.

Оваа вест ја објави портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Чеченија порано војуваше со Москва, но сега е под контрола на режимот на Путин. На чело е Рамзан Кадиров, под чија контрола е и паравојската и затоа групата се вика Кадировска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот