Чеченецот тврди дека Украина се подготвува да го предаде Бахмут

Фото: ANATOLII STEPANOV / AFP / Profimedia

Во регионот на Бахмут се водат интензивни борби, но Киев е свесен дека ќе мора да го предаде градот, изјави помошникот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, Апти Алуадинов, кој воедно е и командант на специјалната единица „Ахмат“.

Тој смета дека украинските власти започнале да ја подготвуваат јавноста на Западот, дека наскоро ќе се соочат со тежок пораз во Бахмут.

– Најжестоките борби се водат во зоната на Артемовск (Бахмут), таму нашите единици работат многу добро – изјави Алаудинов.

Чеченецот изјави дека руските сили на споменатиот регион секојдневно освојуваат нов дел од територијата на фронтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот