Чави и Иниеста требало да го преземат Мароко – работата пропаднала во последен момент
Иако сѐ беше подготвено за потпис, легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста на крајот не постигна договор со Фудбалската федерација на Мароко. Тој требаше да стане нов спортски директор на репрезентацијата, но преговорите пропаднаа во последен момент. Во меѓувреме, ниту Чави Ернандез засега нема да ја преземе функцијата селектор на мароканскиот национален тим.
Препорачано
Разговорите меѓу Иниеста и Кралската мароканска фудбалска федерација биле во напредна фаза, толку што веќе било подготвено и соопштение за неговото именување. Сепак, до конечен потпис не дошло, па останува да се види дали соработката сепак ќе се реализира во иднина. Од мароканската федерација и натаму покажуваат голем интерес да ја ангажираат шпанската фудбалска легенда.
Во меѓувреме, федерацијата именуваше нов селектор. Мохамед Уахби ќе го наследи Валид Реграгуи на клупата на таканаречените „Лавови на Атлас“. Во неговиот стручен штаб ќе се приклучи и Жоао Сакраменто, поранешен помошник-тренер во Париз Сен Жермен, Рома и Тотенхем.
Според медиумите, прв фаворит за селекторската ппозиција е Чави. Сепак, тој не сакал да ја преземе репрезентацијата среде сезона и непосредно пред Светското првенство, па федерацијата се одлучила за Уахби како привремено решение.


