Чалханоглу: Златан сака само да привлекува внимание, ништо не направи оваа година

Хакан Чалханоглу му „возврати“ на Златан Ибрахимовиќ/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Хакан Чалханоглу изјави дека не му се допаѓа однесувањето на ѕвездата на Милан надвор од теренот.

Чалханоглу минатата сезона се пресели од Милан во Интер, а сега се осмели да го критикува Златан Ибрахимовиќ.

– Златан сака само да привлекува внимание. Не направи ништо оваа година, не придонесе за тимот. Воопшто не играше. Но, прави сè за да го привлече вниманието на навивачите. Тој така живее. Тој има 40 години. Јас да имав 40, немаше да се однесувам како него – рече играчот од средниот ред на Интер за „Тивибу Спор“.

Ибрахимовиќ оваа сезона одигра 27 натпревари и постигна осум гола. Вториот дел од сезоната го помина опоравувајќи се од операцијата на коленото.

Чалханоглу беше член на Милан минатата сезона кога Интер ја освои титулата, а сега откако го смени клубот Милан стана шампион. За време на прославата на титулата, Ибра и навивачите пееја песни во кои го навредуваа Чалханоглу, што веројатно беше поттик за ваквата реакција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот