Фото: mkd.basketball

Чаир 2030 со големи два бода на тешкото гостување во Куманово

Водеше Чаир 2030 во најголем дел до мечот, кумановци стигнаа до егал-резултат, но пресуди тројката на Тачи во финалната минута, за конечни 76:71 во 12 коло од најдобрата македонска кошаркарска лига.

Гостите од Чаир ја добија првата четвртина со солидна предност од 21:13 и ја чуваа низ целиот тек на натпреварот во спортската сала во Куманово. На полувремето имаа слично водство (46:40), а водеа и по три одиграни четвртини (61:54). Водеа и со 70:63, по 35 минути игра.

Подзастанаа во последните пет минути, макар и за момент, во кои МКК Куманово дојде на само еден посед негатива (68:70), а до крајот останаа да се доиграат 1:22 минути.

Финиш во кој Стевановиќ ја продолжи серијата на поени за домашниот тим од 8:0, донесе изедначување (70:70), и само 52 секунди за конечна разрешница кој ќе биде конечниот победник на овој и тоа како возбудлив меч.

Моментот на одлука го „режираше“ Тачи, кој погоди тројка, за ново водство на гостинската екипа (73:70). Имаа кумановци уште 44 секунди за да го вратат резултатскиот егал. Но Стевановиќ е успеа во тоа, а Николиќ направи лична грешка по која Реџа покачи на „плус четири“ (74:70), а Четмен, од истата позиција, по неуспешните обиди за три поени, на кумановци ја потврди големата победа на Чаир 2030.

Кај победниците Стурдивант запиша 20.поени, а за домашната екипа, која го запиша петтиот пораз во 12 одиграни мечеви, Луковиќ реализираше 23 поени.

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО

МКК Куманово – Чаир 2030 71:76

ТФТ – Кожув 96:83

Пелистер – Работнички 88:85

Маџари – МЗТ Скопје Аеродром 76:87

Ангели – Феникс 2010 60:99

Тиквеш Голден Игл – Гостивар 81:73

ТАБЕЛА

1. ТФТ 12 11 1 990:848 23

2. МЗТ Скопје А. 12 11 1 909:772 22

3. Пелистер 12 8 4 1095:954 20

4. МКК Куманово 12 7 5 996:933 19

5. Кожув 12 7 5 978:976 19

6. Маџари 12 6 6 978:963 18

7. Работнички 12 5 7 983:991 17

8. Феникс 2010 12 5 7 918:928 17

9. Чаир 2030 12 5 7 946:1002 17

10. Тиквеш ГИ 12 4 8 948:986 16

11. Гостивар 12 2 10 859:982 14

12. Ангели 12 1 11 779:1043 13

ИДНО КОЛО

Кожув – Тиквеш Голден Игл

Гостивар – Ангели

Маџари – МКК Куманово

Работнички – ТФТ

Феникс 20110 – МЗТ Скопје Аеродром

Чаир 2030 – Пелистер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот