Чаир 2030 го скрши отпорот на Навико Академија ФМП во последниот период

фото: kfsm.mk

Во 16 коло од Првата македонска кошаркарска лига екипата на Чаир 2030 триумфираше над Навико Академија ФМП со 103:73.

До петтата победа на последните шест средби, која ги води до скор (11-5) и четвртото место на табелата, чаирчани ги предводеше „петорката“ Какруки-Роби-Галовеј-Мустафица-Александровски.

Клучна беше серијата од (12-2) на почетокот на последната четвртина кога Чаир 2030 се одвои на недостижно водство, и највисоко (80:63).

Кај Навико Академија ФМП, дабл-дабл на Брукс од 20 поени и 14 скока, Нилд заврши со 15 поени, новакот Робертс имаше 14, а Петровски 12 поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 16 КОЛО

Чаир 2030 – Навико Академија ФМП 103:73

Работнички – Вардар 101:58

4 ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)

20.00: Феникс 2010 – Гостивар

7 ФЕВРУАРИ (СРЕДА)

17.00: Охрид – Пелистер
18.00: ТФТ Моцарт – Кожув
18.30: Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ3)

ТАБЕЛА: Работнички 28 бодови, Еуро Никел 2005 27, МЗТ Скопје Аеродром 27, Чаир 2030 27, Пелистер 25, Феникс 2010 24, ТФТ Моцарт 24, Гостивар 20, Навико Академија ФМП 19, Вардар 19, Кожув 18, Охрид 18.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот