Централната прослава на ЕБР годинава во Куманово
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски инфоримраше дека на 23 август годинава на паркинг просторот пред Градскиот базен во Куманово ќе се одржи прославата по повод Денот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР).
Препорачано
Прославата ќе започне во 18:30 часот, по повод 22 години постоење на ЕБР.
Ми претставува особена чест во име на МВР и во мое лично име да ве поканам на 23.08.2023 на паркинг просторот пред Градскиот базен во Куманово, во 18:30 часот да присуствувате на прославата по повод одбележувањето на Денот на ЕДИНИЦАТА ЗА БРЗО РАСПОРЕДУВАЊЕ – пишува Спасовски.
ЕБР е формирана на 23 август 2001 година и спаѓа под надлежност на МВР. Сместена е во касарната Ѓорче Петров. Првото име на единицата беше Специјална единица за брзо распоредување или скратено СЕБР.
Нивни задачи се воспоставување и одржување на јавен ред и мир при немири и демонстрации, спровод на лица барани со локални и меѓународни потерници, анти-терористички акции и сите останати подфати од висок ризик, обезбедување на домашни и странски ВИП личности, давање асистенции на сите институции во државата и пружање помош на населението при природни елементарни непогоди и катастрофи.


