Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ: Јанушев и Божиновска нови членови на ИК

фото: Социјални мрежи, Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за нови членови на Извршниот Комитет ги именуваше Сања Божиновска и Игор Јанушев

ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден одржа редовна седница на Централниот Комитет на партијата на која е одлучено нови членови на Извршниот Комитет да бидат Сања Божиновска и Игор Јанушев.

Сања Божиновска е експерт во енергетиката, која работи во Прага, има работно искуство во најголемите компании од пазарот на енергетиката и економските системи.

Игор Јанушев е поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието. Тој е дипломиран правник.

На седницата се разговарало и за актуелната општествена, политичка и економска состојба во која се наоѓа државата.

„Неизбежен е впечатокот дека народот ја губи државата и системот не функционира. Хаосот и безредието е стимулирано со растечкиот криминал и отсуството на правда ги нагризува темелите на државата.

Именувањето на Талат Џафери е круната на неспособноста и владеењето на беззаконието во државата. Тоа е скапата цена платена од СДС која на тој начин ја одржува власта. СДС стана малцински партнер со само 5 министри во владата со над 20 министерства.

Излезот е промена на власта, а одговорот е изборите кои ќе се одржат за помалку од 3 месеци“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот