Фото: Општина Центар

Центарци со идеи и предлози ќе влијаат на креирањето на буџетот за 2025

Во понеделник ќе се одржи првиот буџетски форум во општина Центар преку кој граѓаните можат директно да влијаат врз креирањето на општинскиот буџет за наредната година, предлагajќи проекти и идеи кои се приоритетни за нив.

Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика сите жители на општината да учествуваат на форум за 2025 година, кој ќе се одржи во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ со почеток во 19 часот.

Транспарентноста и отчетноста се клучни принципи на нашето работење. Секој предлог на нашите жители има вредност, а учеството на форумот ќе ни овозможи заеднички да донесеме решенија што ќе ги задоволат реалните потреби на општината. Ова е шанса граѓаните да го креираат својот начин на живеење во Центар – изјави Герасимовски.

На форумот општинските сектори ќе ги презентираат и капиталните проекти кои се планирани за следната година, но и резултатите од проектите реализирани во изминатите три години. Преку овие дискусии ќе им се овозможи на граѓаните да имаат увид во напредокот и да дадат свои предлози за понатамошни подобрувања.

Очекуваме конструктивни предлози и идеи, бидејќи сите заедно сме одговорни за квалитетот на животот во нашата општина – додава Герасимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот