Центарци можат да аплицираат за поддршка за санација на кровови и лифтови, во тек е јавен повик
Преку овој повик, Општината треба да покрие 30 отсто од вкупната вредност на инвестицијата, но не повеќе од 150.000 денари за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и до 300.000 денари за поправка и санација на лифтови, додека преостанатите 70 проценти од средствата ги обезбедуваат сопствениците.
Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на општината.
Препорачано
„Сите станбени заедници во Општина Центар кои имаат потреба од санација на покриви или поправка на лифтови можат да се пријават на јавниот повик“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Преку овој повик, Општината треба да покрие 30 отсто од вкупната вредност на инвестицијата, но не повеќе од 150.000 денари за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и до 300.000 денари за поправка и санација на лифтови, додека преостанатите 70 проценти од средствата ги обезбедуваат сопствениците.
Како што се наведува во соопштението, право на учество имаат заедници на сопственици или управители од општина Центар чиишто станбени згради се постари од 15 години, со најмалку 70 проценти населени станови. За аплицирањето е потребна одлука со потписи од 50 отсто на станарите плус еден сопственик, како и комплетна документација според условите наведени во повикот (договори, понуди, фотографии, технички извештај и слично.)
Пријавите со целосна документација може да се доставуваат до 30 јуни 2026 година или до исцрпување на средствата предвидени во општинскиот буџет за 2026 година, во Архивата на Општина Центар, барака 6, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот или по пошта.
Повеќе информации, условите и потребната документација се достапни на веб-страницата на Општина Центар и во Архивата на Општината.


