Центар за социјални работи Прилеп досега не постапувал за ризик во семејството каде две близначиња починаа неухранети и премрзнати

Центарот за социјални работи Прилеп досега не постапувал за ризик во семејството во кое вчера две близначиња стари само 20 дена починаа, вели за „Слободен печат“ Иле Тасески од Центарот за социјални работи Прилеп. Родителите користеле права од социјална заштита односно родителски додаток. Стручните работници според Тасески уште биле на терен. Не потврди и не негираше дека е почната постапка за одземање на родителското право врз другите 3 деца кои ги има фамилијата која живеела во селото Славеј.

Вчера во селото родителите повикале екипа на итната помош која новороденчињата ги пренела во прилепската болница. Таму на едното му била пружена неуспешна реанимација, а другото било донесено починато и била констатирана смрт. Директорот на прилепската болница доктор Кире Јоноски за „Слободен печат“ рече дека ги видел новороденчињата бидејќи бил присутен на реанимацијата и тие биле премрзнати и неухранети.

ЦЈЗ Прилеп ќе има прес-конференција во 12 часот.

Јавен обвинител од ОЈО Прилеп издаде наредба за обдукција на починатите новороденчиња со цел да се утврдат причините за смртта.

-Близначињата биле во тешка здравствена состојба, па мајката повикала итна помош која штом пристигнала во домот во селото Славеј констатирала смрт кај едното бебе. Другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало, изјави за „Слободен печат“ јавниот обвинител Стевчо Биноски.

Јавниот обвинител го извести Центарот за социјални работи од Прилеп кој врши засилен надзор во семејството и треба да заклучи во однос на евентуални заштитни мерки за останатите три деца, додаваат од обвинителството.

 

Премрзнати и неухранети, починаа близначиња во прилепско, стари 20 дена

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот