Премрзнати и неухранети, починаа близначиња во прилепско, стари 20 дена

Вчера премрзнати и неухранети, починале близначиња стари само 20 дена од прилепското село Славеј. Директорот на прилепската болница доктор Кире Јоноски за „Слободен печат“ вели дека кај едното близначе била констатирана смрт откако било донесено со возило на итната помош, а другото и покрај реанимацијата не успеало да се спаси.

-Вчера брзата помош отишла на лице место во селото Славеј. Двете новороденчиња беа неухранети, премрзнати, јас бев присутен кога анестезиологот и педијатарот ја вршеа реанимацијата. Едното дете имаше минимални знаци на живот но реанимацијата беше неуспешна, а кај другото беше веднаш констатирана смрт, рече за „Слободен печат“ доктор Јоноски.

Тој додаде дека двете бебиња биле родени во болница, а не дома.

Родителите живееле во екстремно тешки услови во селото Славеј, имале уште деца и според непотврдени информации ќе им биде одземено родителското право врз другите деца кои ги имаат.

Во 12 часот е закажана прес-конференција во Центарот за социјални работи Прилеп. На нивните телефонски броеви оставени за контакт на страницата на Центарот, не се јавува никој, односно се добива порака дека „се привремено исклучени“. „Слободен печат“ упати прашања по мејл до Центарот дали семејството претходно се обраќало кај нив за помош и дали им е одземено родителското право на родителите. Одговорите ќе ги објавиме доколку ги добиеме.

Во меѓувреме јавниот обвинител наредил обдукција за да се утврдат причините за настапувањето на смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот