Фото: Општина Центар

Центар ќе доделува локации за подвижни киосци и апарати за продажба на храна и сладолед

Општина Центар и годинава објави јавен повик за доделување на локации за поставување подвижни објекти, подвижни апарати и други  направи на 14 локации во централната градска зона.  Право на учество имаат сите правни и физички лица со регистрирана дејност и сите лица што вршат занаетчиска дејност, а подвижните објекти може да се користат за угостителски услуги како штое продажба нахрана, напитоци, сладолед и слично.

Јавниот повик е одлична можност за сите заинтересирани лица да основаат или да го прошират својот бизнис во срцето на градот. Со обезбедување локации во Центар не само што го поддржуваме развојот на малите бизниси, туку и создаваме простор за иновации и креативност во угостителскиот сектор. Преку нашиот повик, се залагаме за подобрување на урбаната средина, создавајќи современи и еколошки прифатливи решенија што ќе ја збогатат понудата за граѓаните и туристите. Ги повикувам оние коишто сакаат да аплицираат да не контактираат, вели Герасимовски.

Како што е наведено во повикот, барателите треба да достават соодветна документација, вклучително и барање за издавање на одобрение, доказ за регистрирана дејност, потврда за исполнување на минимално технички услови, скица со димензии и фотографија од подвижниот објект, како и уплатница од 1.000 денари. Локациите ќе се даваат за користење на период од 12 месеци, а подвижните објекти треба да исполнуваат минимални еколошки стандарди и да не го нарушуваат амбиентот. Повикот ќе трае цела година, се додека има слободни локации.

Локациите ќе се доделуваат според принципот “Прв дојден – прв услужен”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот