Целата механизација на ПОЦ од утрово на терен, се собира ѓубрето и се мијат контејнерите низ Центар

Фото: Општина Центар

Од утрово сите вработени од комуналната служба во ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, со целата механизација со која располага претпријатието, се на улиците во обид да го исчистат ѓубрето од преполните контејнери, кои поради протестот на дел од вработените во „Комунална хигиена“, цел викенд не беа испразнети. Од Општината информираа дека покрај останатата механизација, располагаат и со голем камион за кревање на контејнери, а на терен е пуштена и цистерна со која се мијат контејнерите и просторот околу нив, за да се отстрани и непријатната смрдеа.

Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека во сите населби има преполни контејнери и дека поплаки од граѓаните стигнуваат од секаде.

Целата механизација е на терен и очекувам денеска да се исчисти голем дел од општината. Оваа ситуација во која се наоѓаме сите општини не смее да се повтори затоа денеска со сите градоначалници ќе разговараме за одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена”. Воедно им се заблагодарувам и на сите вработени кои со зголемени капацитети се вклучија во акцијата со цел побрзо чистење на општината – изјави Герасимовски.

Фото: Општина Центар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот