Цеца купила луксузен стан на Копаоник: И Новак Ѓоковиќ некогаш живеел на истото место

Фото: Инстаграм/Светлана Ражнатовиќ - Цеца/EPA-EFE/Jorge Zapata

Српската пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца купила луксузен стан на Копаоник, во кој ќе може да се всели од 1 јануари следната година.

Имено, пејачката често ги поминува зимските денови во оваа туристичка дестинација, но досега тоа беше или поради одмор или поради работни обврски, односно настапи.

Таа претходно престојуваше во луксузни хотели и апартмани на Копаоник, а за да има целосен комфор – Цеца решила да купи недвижен имот во близина на најпопуларниот скијачки центар во регионот, пишува „Блиц“.

Цеца со внукот Жељко на Копаоник / Фото: Инстаграм/Светлана Ражнатовиќ – Цеца

Цеца одамна планирала да си купи стан на Копаоник, за себе и за своите најблиски, а пред нејзиниот настап на 1 јануари следната година ќе ужива во топлината на својот нов луксузен стан, кој неодамна го купила.

Инаку, и српскиот тенисер Новаќ Ѓоковиќ порано живеел во истата зграда каде Цеца го купила станот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот