ЕП-У20 „Б“ дивизија: Македонија со убедлива победа против Велика Британија обезбеди полуфинале
Maкедонската кошаркарска репрезентација до 20 години денес обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство од „Б“ дивизијата откако во „СРЦ Кале“ нашите млади кошаркари беа подобри од Велика Британија со 66:49. Од почетокот на натпреварот Македонија го контролираше натпреварот и доби три од четирите четвртини, па така сосема заслужено се пласиравме во полуфиналето на турнирот. …