ЕП-У20 „Б“ дивизија: Македонија со убедлива победа против Велика Британија обезбеди полуфинале

Фото: КФСМ

Maкедонската кошаркарска репрезентација до 20 години денес обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство од „Б“ дивизијата откако во „СРЦ Кале“ нашите млади кошаркари беа подобри од Велика Британија со 66:49.

Од почетокот на натпреварот Македонија го контролираше натпреварот и доби три од четирите четвртини, па така сосема заслужено се пласиравме во полуфиналето на турнирот.

Првата четвртина ја добивме со 17;11, а во втората гледавме слична слика на теренот, па така на пауза заминавме со двоцифрена предност од 32:21.

Во вториот дел бритнаските кошаркари беа нешто подобри, но сепак нашите кошаркари не дозволија да ја испуштат сигурната предност и во последниот период ја зголемивме предноста за убедлив триумф од 17 разлика. Андреј Митревски беше најефикасниот во нашите редови со 17 поени, додека зад него следеше Теодор Симиќ со 13.

За место во финалето Македонија ќе води битка со подобриот од натпреварот помеѓу Холандија и Украина кој се игра денес од 21:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот