Maкедонија брка „чудо“, трибините денес нека бидат полни за момците на Лазаров!
Македонските ракометари вечерва ќе го играат најважниот натпревар оваа година и тоа на домашен терен против селекцијата на Фарски Острови од 19:00 часот. Во реванш натпреварот Македонија ќе се обиде да надополни седум голови негатива откако на првата средба во Трошван бевме поразени со 34:27.
Препорачано
На избраниците на Кире Лазаров потребна им е поддршка за да се обидат да обезбедат настап за Македонија на уште едно големо натпреварување. Полната села дефинтивно би одиграла голема улога во обидот за „чудо“.
Сме знаеле во минатото да се вратиме од тешки ситуации и да направиме подвиг, а сега во наша полза одат проблемите кои ги имаа ракометарите на Фарски Острови при пристигнувањето во Скопје.
Поради невремето во Торшван тие поминаа долго време на аеродромот и во Скопје пристигнаа изминатата вечер во доцните часови. Тоа значи дека практично без вистински тренинг и само со запознавање со салата денеска пред натпреварот ќе излезат на теренот против македонските ракометари.
Сепак, јасно е дека тоа не треба да биде во главите на нашите ракометари, ние треба да се фокусираме на нашата игра и да се обидеме да ја искористиме секоја шанса на теренот. Ќе потсетиме, билети за натпреварот можат да се купат преку продажната мрежа на „mktickets.mk“ и истите се по цена од 200 и 300 денари.


